ИНТЕРВЈУ: ГОРАН ТРАЈКОСКИ

/, Звук, Блесок бр. 117/ИНТЕРВЈУ: ГОРАН ТРАЈКОСКИ

ИНТЕРВЈУ: ГОРАН ТРАЈКОСКИ

ИНТЕРВЈУ: ГОРАН ТРАЈКОСКИ


Ова е моја внатрешна борба која се рефлектира и надвор од мене!

„Тешкиот глас на новите химни“ е непосреден одглас (ехо) на актуелните случувања околу мене, еден вид мој крик, реакција, на насилството на реалноста која не прашува за да влезе во мојот живот непоканета. Затоа се решив на еден слободен и без задршки одговор. Да, тој е субјективен, мој личен став, затоа што само зад еден таков став можам во потполност да стојам. За реакциите на „реалноста“ не сум загрижен.

Од младешката идеја за рокенрол во АФЕКТИВЕН НАБОЈ, составот со кој го стори првичниот исчекор во својата Струга, преку панкерската револуционерност во САРАЦЕНИ првиот негов „скопски бенд“, денес влијателните ПАДОТ НА ВИЗАНТИЈА, па пројавата во дејствувањето на неколкуте откровенија на култниот МИЗАР, уметничката дружба во АПОРЕА, АНАСТАСИЈА како засебна и една од клучните приказни од нашата современа музичка историја во која патем собеседници му беа творци како Зоран Спасевски и Златко Ориѓански… проектите како ЦИРКУС ЕУРОПИЈА, БИОСКОПИЈА, соработките со КИСМЕТ, Александар Велјанов, МУГЕР ФУГЕР, ТЕМПЕРА… пројавноста како ГОТРА како израз на неговата потреба за потраги во електронската музика, театарските и филмските творби… Горан Трајкоски го изоде патот од бунтовник до еден од најрелевантните современи македонски творци. Еден од оние кои докажаа дека може органски да се допрат западниот и не само звуковен идиом со византиската духовна и културна традиција, старословенското поење и автентичниот македонски музички јазик.

За тоа време тој како автор и изведувач беше присутен на бројни клучни (несомнено историски) објави, изданија како МИЗАР – „Мизар“ (1988), МИЗАР – „Кобна убавина“ (2004), АНАСТАСИЈА – „На реките Вавилонски“, АНАСТАСИЈА – „Пред дождот“ (1995)…, кои ниту во еден момент не ја оставаа публиката рамнодушна. Сите оние овде дома, во регионот, подалеку, кои дефинитивно милуваа да ѕирнат зад завесата на езотеричноста и да откријат еден поинаков ритмичен и мисловен сплет. Да откријат самосвоен автор кој безрезервно им се предава на своите чувства и нив ги преточува во уметност. Доволно национално самосвесен и без желба да си го стивнува темпераментот.

Таков е и случајот со неговите актуелни понуди „На светов убавина“ и „Тешкиот глас на новите химни“ кои беа обнародени во текот на 2017 и кои за чудо можат да бидат бележани како „дебитански“ – на кои тој се исправа по првпат со своето име и презиме.

ПреводЕлизабета Баковска
2018-09-25T13:16:39+00:00 јануари 3rd, 2018|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 117|