Поетите кои украдоа кајче во Струга

/, Литература, Блесок бр. 117/Поетите кои украдоа кајче во Струга

Поетите кои украдоа кајче во Струга

Поетите кои украдоа кајче во Струга


Превод: Магдалена Симионска

вистинска приказна од 53-тите Струшки вечери на поезијата, Македонија 2014 година

Еден ненадеен текст на Никола Гелинчески на фејсбук утринава ме врати назад на ден пред финалната вечер на 53-тите Струшки вечери на поезијата, во Македонија 2014 година. Мојот пријател, поетот Марсио Андре чии постапки може да се припишат на еден модерен Езра Паунд, ме додаде во една чет група на фејсбук каде Никола напиша: Здраво дечки:) Едно потсетување на настанот од пред 2 години. Одлучив да ја искористам првата реченица од твојата приказна за да ги вежбаме минатите времиња на моите часови Неговите зборови ме потсетија на една ноќ која толку многу пати ме предизвикала да пишувам за неа, но никогаш толку многу како денес. Можеби поради оваа мирна вечер – тивка, со исклучок на ветрето кое ме тера да се присетам на еден сличен бран воздух – кога буден стапнав на скопскиот аеродром, во август 2014 година. Моето патување на овој поетски фестивал беше полно страст и возбуда, во голема мера поради фактот дека ова за мене беше првата турнеја надвор од Индија – дополнителна причина за возбуда. Сè друго беше исто (како што и може да се очекува од една фиеста која трае веќе 50 години), четвртиот ден бев вовлечен во една урнебесна, но храбра лудорија која прерасна во анегдота што им се прераскажува на следните посетители на оваа годишна поетска конклава.

Покрај ентузијазмот за посетата – имаше серија настани кои ме поттикнаа да се вклучам во делото – а се вброија во листата на тројцата поети кои украдоа кајче на полноќ. Првиот воздух што го вдишав кога стапнав во Македонија беше како здив со мирис на индивидуализам – како пасијата да ти избегала од прангите на секојдневните правила. Од југословенски ресторан до локален техно концерт во Охрид, се полнев со тогашната македонска култура. Најзначајно од сè е да споменам дека мојата судбоносна побуда да се оженам млад доведе до брза разделба која се имаше случено само еден месец пред оваа посета. Од агонија до окривувања и повторно назад, сè уште барав излез – како очаен стаорец кој си го бара загубеното дупче. Ме прогонуваше сознанието за тоа колку животот се менува кога од безгрижност ќе зачекориме кон обврски. Наликуваше многу на оние детски приказни исполнети со фантоми и фантазии кои со време стануваа безначајни.

Магичното струшко време – со низа ридови покрај Охридското езеро, постојаната забавна атмосфера, топлината на Македонците и радоста поради запознавањето нови поети ме пренесуваа од внатрешна осаменост до простор кој ми извикуваше – ајде, направи нешто. Возбудата кулминираше, а јас не сакав да ја спречувам. Ова направи нешто се засили вториот ден од фестивалот кога еден норвешки поет Ендре Русет и еден фински поет и пејач Нилас Холмберг скокнаа – пијани и голи – во каналот кој тече под Мостот на поезијата. Срцебиењето кое ме смрзнуваше полека се истопи кога ги видов како се качуваат на брегот како две накиснати кокошки. Лудата пијана ноќ која одбиваше да заспие барем миг беше дополнително исполнета со енергија од страна на Владимир Мартиновски – кога ме одведе на брегот на езерото – и ме запознаваше со македонски песни до изгрејсонце. Една група македонски поети кои прекрасно пееја придружени од треперливите жици на утот на Владимир ме потсетија на индиските музичари Баул. Колку и да беше светот разновиден, сепак се чинеше дека е поврзан со заеднички нишки и интереси, и сличен истражувачки дух. Додека тие пееја, јас тргнав кон хотелската соба сонливо гледајќи го небото и мрморејќи – приказните слетуваат од никаде и те носат кон никаде – никаде кое е надвор од твоите перцепции и сништа. Главната приказна чекаше маскирана – непредвидлива како торнадо кое се оформува во шепотливи прерии. Светлината на мугрите бесшумно и суптилно се појави од зад ридовите кои се граничеа со езерото – се чинеше како да не сака да покаже – како започнува ден. Беше како приказната за животот – се појавува од непознатото само за да исчезне во мистериозното. Задлабочен во моите сознанија дека – ноќите и дните се само перцепција на очите, потонав во сон околу 5 часот наутро.

Следниот ден – полн поезија и поети од секаде низ светов беа сведоци на настанот Мостови на Струга, а она што се случи по настанот беше поглавјето кое е инспирација за насловот на ова дело – Поетите кои украдоа кајче во Струга.

АвторСонет Мондал
ПреводМагдалена Симионска
2018-12-13T11:07:36+00:00 јануари 3rd, 2018|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 117|