Поеми

Поеми

Артемида и Актеон
Читање на христијанската академија
Песот на смртта
„Ве молиме испратете кратка биографија“
Ненадејна посета
Сол од пазарот

Им ја прочитав приказаната на моите студенти. Како Актеон ловецот навлегол длабоко во шумата и наишол на Артемида која се бањала, па таа толку се налутила што го претсторила во елен, па неговите сопствени песови го растргнале. Дискутиравме за митот на повеќе или помалку академски начин: Што е скромноста денеска? Дали возбудата на ловот остана само во барањето распродажби? Додека разговаравме, им дадов испечатени илустрации на средбата, големи колку разгледници. Една од Галош, една од Балдучи, друга од Титан. Таму, Артемида, убава и влажна, со косата која ги покрива стратешките голи точки. Како што дискусијата замре, а ние само зјапавме, преку сонцето мина еден облак. Надвор, кучињата на тревникот ги испуштја фризбите и гледајќи кон прозорецот на мојата училница, почнаа злобно да завиваат.

АвторРон Курџи
2018-08-21T17:20:37+00:00 ноември 10th, 2016|Categories: Поезија, Блесок бр. 110|