Две ѕвездени песни за Игор

/, Блесок бр. 100/Две ѕвездени песни за Игор

Две ѕвездени песни за Игор

Ѕвезди ќе никнеа од земјата ако не му ги подврзеа вилиците на Игор пред да го закопаат
Има некои ѕвезди на небото што само ние двајцата можеме да ги видиме

Шишињата се испија.
Песните се допишаа.

Веќе си раскажавме еден на друг
за првите љубови,
за девојките со кои
за првпат водевме љубов.

Реков, сега си ти на ред
кажи ми како почна
да пиеш
или да пишуваш.

Стара приказна, рече тој,
една вечер излегов од дома
отидов кон полето
наместо на работа.

Беше лето,
ѕвездите го истовараа
создавањето на вселената
во ноќта.

Аловата булка беше
како прострелна рана
на темно зеленета кошула на
скопските полиња.

Легнав на топлата трева,
веднаш до булката.
зјапав во ноќта.

За првпат ги видов ѕвездите
не како ништожен предмет на осаменост
туку како чкртаница на вселената.

Мора да сум заспал
а ѕвездите ми се истуриле
во отворената уста.

Утредента, на залез,
ѕвездите почнаа да зборуваат:

Има бура во планините
Игор
дојди со нас Игор,
пак ќе ја бркаме ноќта,
сите сме сочинети од минато
Игор,
нема долго да липаш
Игор,

пишувај што сакаш
пишувај како сакаш.

Ѕвездените стихови ми рикаа
во главата
како незауздано море.

Почнав да пијам
зашто
се плашев.

Кога пиев
Ѕвездите стануваа
уште поживи
но барем успевав
да не ги фермам
и ѕвездите секогаш
заспиваа пред мене.

Си легнав.
Игор ја напиша
Галеби над покривите:

Вечерва:
галеби над покривите,
отворени ѕидови, балкони,
и пак таа песна, од никаде.

Никогаш не му кажав дека почнав да пишувам,
нема правда на небото.
во ноќите над Истанбул. и воопшто.

АвторГокченур Ч.
2018-08-21T17:20:41+00:00 септември 9th, 2015|Categories: Поезија, Блесок бр. 100|