Религиозната сатира во „Портокалите не се единственото овошје“

/, Литература, Блесок бр. 91/Религиозната сатира во „Портокалите не се единственото овошје“

Религиозната сатира во „Портокалите не се единственото овошје“

#1 „Портокалите не се единственото овошје “(1985) на Џенет Винтерсон, полу-автобиографски портрет на животот на авторот, нуди остра критика за христијанството од некој кој се чувствува отуѓен од нејзините закони, обичаи и ритуали, односно Џенет, главниот лик, лезбејка која се чувствува угнетена од страна на патријархатот на христијанството. Израсната во ревносно верско семејство кое има за цел да ја направи мисионер, оваа прекумерна страст кон религијата всушност се докажува како пропаста на Џенет, како што жените почнуваат да ѝ се восхитуваат на нејзиниата библиска страст и таа започнува сексуално да ги привлекува, по што Џенет има низа на афери со млади жени во црквата.
Да ја фразирам оваа пропаст со зборовите на пасторот Финч, раководителот на црквата на Џенет, „Најдобриот стана најлош.“ (1985:16) Се смета дека Џенет станала исполнета со зло, стрмоглав пад од тоа да се биде исклучително свет, затоа што таа подлегнала на нејзината желба за жени. Винтерсон е демонизирана од моментот кога таа изјавува дека е лезбејка. Суровата нечовечност со која таа е на крајот екскомуницирана од црквата е она на што таа се спротивставува.
Навистина, Џенет е наполно огорчена од процесот, бидејќи се чувствува дека нејзиното автентично јас е потиснато. Џенет цврсто верува дека бракот е празна и бесмислена институција. Ова чувство, дека бракот е измама, произлегува во голема мера од нејзиното набљудување на бракот во нејзиното семејство. Прилично бестрастниот брак на нејзините посвоители се чини дека е далеку од разузданите страсти што таа ги открива во рацете на жените во нејзината црква, кои пак ја напуштаат поради нејзиното екстремно благочестие.
Според Винтерсон, христијанската религија како високо угнетувачка институција. Таа ја опишува нејзината мајка, како да е повеќе Стариот Завет него Новиот Завет, со други зборови, нејзината мајка се воодушевува на глетката на уништување на грешниците без искажување на милостта, простувањето и љубовта кон нив, нешто што Исус го проповедал во Новиот Завет.
Таа секогаш се молеше на ист начин. Пред сè, ќе му се заблагодареше на Бога што дочекала да види нов ден, а потоа ќе му заблагодареше на Бога што го поштедил светот уште еден ден. Понатаму, зборуваше за нејзините непријатели, што наликуваше на катехизам.
Штом „Одмаздата е моја кажа Господ“ протатни низ ѕидот во кујната, го ставив чајникот на решото. Времето кое беше потребно за да се свари водата и да отстои чајот се едначеше со должината на нејзината последна точка, листата на болни. Таа беше многу претвидлива. Ставив млеко (во чајот), таа влезе, земајќи голема голтка чај пропратена со три кажани работи. (1985:7)
Оттука, можеме да видиме дека мајката на Винтерсон се занимава со гневот на Бога, без истовремената благодат кон грешниците што Новиот Завет ја носи со доаѓањето на Христа, и тоа објаснува како Винтерсон е отуѓена од христијанството поради осудата на мајка си. Веројатно недостатокот на љубов во семејството на Винтерсон е она што ја тера да бара љубов на друго место, што за возврат не помога, бидејќи на Џенет Винетерсон мажите како вид се ѝ одбивни.
Со нејзини зборови, мажите се ѕверови, возвишени над жените едноставно поради нивниот супериорен авторитет доделен од страна на Библијата, но кои се всушност не привлечни, бидејќи изгеда дека тие се само одвратни алкохоличари и свињи кои зависат од жените и ги изневеруваат дури кога постои и најмала шанса. За Винтерсон патријархатот е нефер, бидејќи таа не може да се натера да го почитува машкиот вид кој ќе стане нејзин господар, кој соблазнува по жените и ги искористува, ги угнетува во нивните домаќинства без да понуди нешто многу за возврат.
Навистина, за Винтерсон мажите се одвратни, опишувајќи еден од мажите со кој се мажи една жена како свиња, а потоа и ѕвер. Мажите се опишани како мрзеливи суштества кои соблазнуваат по жените и ги искористуваат сексуално (како објекти/играчки), само за да им се одолжат со пиење и прељуба, понижувајќи ги животите на жените кои ги служат. Иако ова може да биде изопачен поглед на машкиот вид во целина, мислам дека Винтерсон на крај се спротивставува на апсолутната моќ со која мажите ги управуваат жените, и се чини дека тие не прават ништо за да ја заслужат таа почит, напротив тие ги искористуваат жените како робови и сексуални предмети во малтретираните домаќинства.
Винтерсон ги гледа мажите како похотливи и ласцивни, како и чудовиштни кои би посегнале по сè што носи здолниште без оглед на возраста. Нејзиното гадење спрема мажите е очигледно во пасусот во кој станува јасно дека мажите не ја привлекуваат физички и не ја стимулираат сексуално на начин на кој таа е од страна на жените. За Винтерсон, мажите одат само по едно нешто: секс, бидејќи жените се сексуални предмети за еднократна употреба, да бидат искористени и фрлени.
Она со што Винтерсон не се согласува во христијанското сузбивање на лезбејската љубов е арбитрарноста со која истополовата привлечност претставува грев, додека пак легитимниот вид на љубов, хетеросексуалната љубов, се чини дека ги става жените на обесправниот крај. На крајот, жените страдаат без разлика кој избор ќе го направат , само што хомосексуалната љубов се смета за голем грев, подлежна да биде демонизарана и отфрлена од мнозинството во христијанското општеството. Тоа е точно, особено за црковните старешини и свештенството, кои ја гледаат како посета на демонски духови,од каде произлегива потребата за егзорцизам или екскомуникацијата, кога сè што Винтерсон може да најде е поавтохтон вид на љубов од љубовта помеѓу маж и жена.
Навистина, на се она што Винтерсон може да помисли кога станува збор за убавината на Мелани (нејзиниот прв љубовник) кога тие се разделени, е неправедно да се смета за опседнато со демони кога сè што чувствува е љубов кон Мелани, но кон погрешниот пол според законите на нејзината религијата. Всушност, Џенет е отуѓена многу пати од нејзината мајка, чии верски суеверија и изгледаат екстремни и фанатички, дури и смешни. Во извесна смисла, крајното лицемерство што таа го гледа во нејзината мајка, е одбивањето на шансата повторно да се сретне со нејзината родена мајка, додека цело време ја гуши Џенет со нејзините амбиции да ја направи мисионерска.
Нејзината мајка тогаш не успева вистински да се грижи за Џенет, гледајќи ја само како алатка да ги потмогне нејзините верски амбиции и да го подобри нејзиниот статус во црквата, додека го негира правото на Џенет да сака без разлика за каква љубов станува збор. Оваа автентична љубов за Џенет Винтерсон е лезбејска љубов или вистинската љубов на нејзината мајка кон неа, љубов која нејзината посвоителка безмилосно ја спречува на секој чекор. Навистина, според описот на Џенет Винтерсон, г-ѓа Винтерсон изгледа како религиозно чудовиште и лицемер.
Оттаму, за Џенет религијата е многу задушувачка, таа попрво би ја одбрала демонската страна отколку да биде високо почитувана од нејзината црква со пристапувањето кон мисионерскиот живот. Всушност, алтернативите кои Винтерсон ги одбира, имено да биде екскомуницирана од нејзината црква, или да работи во салони за погремна опрема и душевни болници,одвај изгледа како уважен пат да се следи, но тоа е цената што таа е подготвена да ја плати за автентичноста и искреноста кон себе . Заедно со тоа, можеме да кажеме дека Винтерсон ја осудува црквата за јзиното нетикетирање како човеколик мајмун, кога таа верува дека лезбејството е нешто многу посложено. Лезбејството за Џенет не е само да се биде машки сурогат, но да се биде нешто измеѓу или вон полот, на ист начин како што маж хомосексуалец кој сака друг маж не би сакал да биде жена.
Во исто време, прославувајќи го лезбејството,се чини дека Винтерсон не внимава целосно на последиците што овој избор ги има врз жените. Навистина, за Винтерсон, тоа е автентичен избор. Дури и на тој начин, да се стане лезбејка е да се биде отфрлен многу пати, од црквата, од општеството, од семејството, бидејќи тоа е високата цена што треба да се плати за не-конформизам. Во нејзиниот вовед во книгата Џенет Винтерсон навистина се опишува себеси како живее во сиромаштија и крајна запуштеност.
Таа успева да се оттргне од сиромаштијата со пишување на бестселер, кој е полу-автобиографски, но колку лезбејки можат да ја достигнат истата слава и успех? Грдата вистина е дека за повеќето лезбејки, животот во срам и тајност на маргините на општеството, без гламурот и славата во која Џенет Винтерсон ужива, е норма. Оттаму, додека Џенет Винтерсон успешно избегала од животот на робување на мажот, со тоа што го избрала патот кој е опасен и неисполнувачки за повеќето кои ќе го одберат, поради големиот број на одбивања од општеството со кои се соочуваат како последица на тој избор .
Да се навратам на насловот, Винтерсон пишува дека портокали не се единственото овошје, што значи дека мажите не се единствениот избор, но мене ми се чини дека таа заменила една форма на покореност со друга. Да се биде покорен на еден маж може да биде понежувачки, но да се биде покорен на една жена претставува ризик да се изгуби сопствениот углед и почит, како и да се биде отфрлен од страна на црква и целото општество. Очигледно, Винтерсон не сфаќа дека таа има избрано различен господар. Нејзиниот нов господар е жена, а не маж.
На тој начин, романот на Винтерсон може да се смета како критика против лицемерието на христијанската религија која ја подржува хетеросексуална љубов додека пак ја сквернави хомосексуалната љубов и каде хетеросексуалениот брак е прикажан како фарса. Нејзините посвоители едвај се сакаат еден со друг, а сите жени во романот се жалат од стапицата во која ги турнал бракот, што ги довело да се омажат со пијаници и коцкари. Во исто време, читателот е оставен да се прашувам дали Џенет Винтерсон, водена од страна на нејзината лезбејска политика, правилно ги прикажала хетеросексуалните бракови. Со сигурност, не сите хетеросексуалните бракови се толку нефункционално како оние што таа ги опишува. Постојат вистински хетеросексуални семејства полни со љубов, и мажи кои не се едноставно ѕверови или сакаат сексуални предмети и робови во нивните домаќинства, но сепак сето ова изгледа прикриено од страна на Винтерсон со желба да го возвиши лезбејскиот избор.
На тој начин, се чини дека Џенет Винтерсон пишува со политичка цел да создаде лезбејска утопија, во која сите мажи се ѕверови, протерани од рајот на жените кои живеат заедно со автентични страсти. Но повторно, современиот читател би можел да се посомнева во тоа дали лезбејската страст е единствената автентична страст. За да бидеме сигурни, големиот број на отфрлања со кои секоја тајна лезбејска врска завршува всушност претставува висока дистописка форма на љубов. Утопијата на лезбејската љубов може да биде идеална во очите на Винтерсон, но не може секогаш да се оствари, се додека поголемиот дел од општеството е хетеросексуално и хетеронормативно. Сепак, Винтерсон напишала една убедлива критика на хетеросексуалните норми во општеството и религиозната ортодоксност која го зајакнува. Шупливоста на ортодоксните бракови во романот за разлика од огнените страсти што таа ги наоѓа во рацете на жените се чини дека ја потврдува идејата дека хомосексуалната љубов е поавтентична од хетеросексуалната љубов. Исто така е точно дека поради библиското писмото, жените во хетеросексуалните бракови доживуваат висок степен на потчинетост на мажите. Имено, на жените им е наредено да раѓаат деца и да бидат домашни чувари, додека пак мажите можат да го имаат сиот алкохол и работи што ги сакаат, и навидум да се извлечат со тоа. Затоа не е ни чудно што Винтерсон смета дека жените на крајот го извлекуваат полошиот крај од зделката кога станува збор за бракот. Всушност, самата брачна институцијата е некој вид на шега во семејството на Винтерсон.
Да сумирам: Винтерсон има напишано една моќна критика за начинот на кој христијанството ја третира хомосексуалноста. Таа пишува против верската хипокризија и авторитет во христијанската црква. Таа прашува зошто институцијата на хетеросексуалениот брак треба да се гледа како света кога очигледно е полна со недостатоци. Таа го критикува патријархатот од Библијата, која ги воздигна мажите и им доделува авторитет, кога тие малку прават за да ја заслужат таа почит за тој авторитет и го злоупотребуваат, за што се пример мажите кои се обидуваат сексуално да и се пуштат иако се во брак. Алтернативата, да работи во душевна болница или салон за погребна опрема, може да изгледа ниско, но тоа е нејзината слобода од репресивното патријархално ропство што таа одбива да го прифати. Навистина, со талентот на Винтерсон, малку е чудно што не чувствува желба да се покори на еден маж. Помалку талентираните и слабите членови на женскиот вид може да се задоволат да бидат секогаш подредени, но во случајот на Винтерсон, се работи за некој кој не гледа потреба да се повинува пред машката раса која на никој начин не е супериорена во однос на неа.

Превод од англиски: Јелена Никодиноска

АвторЧунг Чин-Ји
2018-08-21T17:20:48+00:00 септември 21st, 2013|Categories: Критика, Литература, Блесок бр. 91|