Па, што, ако невешто живеам

/, Блесок бр. 89/Па, што, ако невешто живеам

Па, што, ако невешто живеам

Па, што, ако невешто живеам
Најлесно е себеси да се нацртам
Затворски денови
Врколак на прозорецот
Придавките на црната кралица
Доаѓа кога било
Коприви

Превод од хрватски: Елизабета Баковска

Па, што, ако невешто живеам
Ако се тетеравам
размрцварена пред илјадници очи
Скоро истепани, до доцна ги подредувам славеј пилињата
Отворам и отворам во нив екрани на далечината
Што, ако сакам да дишам, да јадам
кај што има хранлива супа од воздух и книги
за кои ќе заседнам
ќе ја потпрам брадата на дланката
раката дур не ми се исуши
а капаците не ми се стврднат
Па, што, ако од вас земам само книги
усни за нашиот бакнеж

АвторСоња Манојловиќ
2018-08-21T17:20:50+00:00 мај 9th, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 89|