Минимум споменик

/, Галерија, Блесок бр. 88/Минимум споменик

Минимум споменик

#1 Проектот „Минимум споменик“ е критичко читање на споменикот во современите градови. Во неколку минути акција, официјалните канони на споменикот се преобразуваат: наместо херој, анонимус; на местото на цврстината на каменот доаѓа кратковечниот мраз; на местото на споменичната скала се појавува минималната скала на минливите тела.
#2 Проектот почнал со војнички фигури, подоцна мултиплициран со мали скулптури од мраз кои биле поставени на јавни места во неколку градови. Помнењето е запишано во фотографска слика и разменето со секого. Тој веќе не е резервиран само за големите херои ниту, пак, за големите споменици. Ја губи својата статична кондиција за да добие флуидност во урбаното преместување и промена на состојбата на водата. Се состои од мали скулптури на мали, обични луѓе.
http://neleazevedo.com.br/

АвторНеле Азаведо
2018-08-21T17:20:51+00:00 февруари 23rd, 2013|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 88|