Трамонтана

Трамонтана

Морето е пурпурно кај Пиреа
8 септември 1994
На Ацедија
Лични карти (фрагмент)
Причина
Кога веќе не можам да им избегам на своите зборови
Во паркот, еден човек јаде јаболко
Кога одам кон морето

(според англискиот превод на Пол Винсент, превела Елизабета Баковска)

Морето е пурпурно кај Пиреа.

Над саат-кулата ползи едно знаме
кога ветрот ќе сврти.

Еден човек прескокнува куче.
Една жена, наведната, го трие окото.

Во една продавница за чадори од полицата паѓа еден чадор.

На една тенка гранка седи гулабица
паѓа, првнува со крилјата и пак се мести
бобинката што е предалеку на најдалечниот врв на гранката
гранката што натежнала, јаката што збувнува кога гулабицата се поместува

Една девојка што се качува во метрото со фиока од биро.

На песокот долу на плажата
еден рибар хоризонтално ја тегне јадицата
до него паркиран велосипед.

Стои расчекорен како да моча.
Траги од птици на песокот.
Јадицата се надвива над морето.

АвторЕрик Линднер
2018-08-21T17:20:50+00:00 февруари 23rd, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 88|