Rafmögnuð Náttúra

Rafmögnuð Náttúra

#1 Rafmögnuð Náttúra е привремена и site-specific светлосна инсталација која ја оживува фасадата на исландската црква Hallgrímskirkja со голема 3д видео-мапинг проекција. Инспириран од природните услови на Исланд и работејќи со уникатната архитектура на црквата, Маркос Зотес ја трансформира статичната состојба на овој иконичен белег во динамично, ангажирано и интерактивно визуелно искуство. Зотесовата намера била да интервенира во градот со општествено активирање на неактивно урбано јавно место, привремено станувајќи вибрирачко заедничко место.

#2 Зотесовата Rafmögnuð Náttúra била избрана како победник на конкурсот на Зимскиот фестивал во Рејкјавик оваа година организиран од Höfuðborgarstofa, Orkusalan и Исландскиот центар за дизајн. За само три недели да ја инсталира неговата победничка инсталација Зотес собрал и водел мултидисциплинарен тим во Њујорк и Рејкјавик кој соработувал со него на неговата креација. Соработката помеѓу различните медиумски уметници и силниот став кон мултидисциплинарниот приод кон нивните дела, формирале централно јадро за успехот на Rafmögnuð Náttúra. Проектот дава уникатна можност за испитување на нов колаборативен процес за креативна продукција, во која тим од архитекти, дизајнери, ликовни уметници, музичари, танцови изведувачи и видео уметници се собрале за да ги спојат своите специфични уметнички техники, средства и дизајнерски методи во една заедничка визија.

АвторМаркос Зотес
2018-08-21T17:20:52+00:00 декември 16th, 2012|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 87|