Четири раскази

Четири раскази

Дилема
Камелеони
Статистичар
Волшебен тепих

превод: Александра Димитрова

Нутриционистите ве учат што и како да јадете. Не знам како точно ги нарекувале во средниот век кога на дворовите ги учеле младите принцови и принцези како да се однесуваат на маса, што, како и кога да јадат. Овие еснафи, значи, преживеале до денес, успешно натрупувајќи го своето знаење низ вековите. Кон крајот на дваесеттиот век станаа дел од музичкиот, филмскиот и модниот свет, а неретко ги советуваа и познатите личности од политичкиот естаблишмент. Денес нивната мудрост им е достапна на сите- тие имаат безброј рубрики во списанијата (или дури и цели специјализирани изданија), серијали на телевизија, блогови на интернет…Тие се неизоставен дел од животот на манекенките, глумиците, спортистите, музичарите… Нутриционистите знаат што треба да се јаде кога лунарниот циклус е на половина пат, тие без срам ќе ви кажат дека не смеете да јадете авокадо ако сте крвна група АБ, тие ќе ве посоветуваат за витамините, протеините и останатите „ини“.
Сепак, никој од овие висококвалификувани, умни филантропи (бидејќи тие воопшто не го делат своето знаење и мислење заради заработка) не можеше да разреши една моја дамнешна дилема: Дали месниот појадок може и смее да се јаде за вечера?

АвторБерислав Благоевиќ
2018-08-21T17:21:04+00:00 декември 21st, 2009|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 69|