Избор на клучот

/, Блесок бр. 64/Избор на клучот

Избор на клучот

Перспектива на животот
Избор на клучот
Зелени галерии
Мртва природа
Дијалог
Во средиштето на денот
Волшебна
Би сакала некој да ми подари песна

Чело на сонце, 2001 (Čelo na soncu, Ljubljana: ŠZ, 2001)
Превод: Намита Субиото

Од некој тест дознавам дека ќе умрам
во 2055 година, на осумдесет и четири години,
најверојатно од последици на рак.
Има податоци што ги буткам во шкафот
меѓу старите играчки, таму нека си играат кловнови.
Има извесна иронија во носталгичното сеќавање
на детството и големите очи во огледалото
се одраз на љубопитноста што останува.
Додека другите спијат, јас седам во темница
и ја гушкам претставата што ја имам обликувано
како дете: колку ќе биде убаво кога ќе пораснам!

Потоа реставрирам безброј одаи. Во нив
стануваат заборавените деца, едните учат да зборуваат,
другите да мислат, третите да одат…
И не е вистина дека не сум те сакала,
ти дадов соба, впрочем празна,
што ти си ја суреди по свое,
ти дадов мал простор, доволно мал,
што можеше да ги затвориш процепите на вратата,
или да ги отвориш и да ѝ заповедаш на тишината
да ти ги прекрие очите.
И не е вистина дека не сум те љубела како дете –
јас само не знаев како љубовта
си се подарува себеси.

АвторЛуција Ступица
2018-08-21T17:21:08+00:00 март 3rd, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 64|