Теун Воетен

Теун Воетен

Авганистан
Која Бахаудин, октомври 2001

Зајдисонце во правливиот град Која Бахаудин. Командантот на Северната алијанса Ахмед Масуд беше убиен во Која Бахаудин, од бомбаш самоубиец, 6 недели порано.
www.teunvoeten.com

Авганистан
Кабул, јули 2004

Жена во бурка питачи на улица. Илјадници воени вдовици во Авганистан се беспомошни и питачењето им е единствениот спас.
www.teunvoeten.com

Босна
Сараево, јули 1993

Деца на улица си играат со стара базука и рачно изработени играчки оружја додека имитираат звуци на бомбардирање
www.teunvoeten.com

Босна
Босна, јули 1993

Мртви војници во мртовечницата во градската болница
www.teunvoeten.com

Газа
Бит Ханун, ноември 2006

Судирите се засилија по киднапирањето на израелски војник во јуни 2006. Градот Бит Ханун беше особено тешко погоден. Луѓето во Бит Ханун го гледаат списокот на домаќинства кои можат да побараат помош од палестинските власти.
www.teunvoeten.com

Ирак
Северозападен Ирак, на границата со Сирија, ноември 2003

Војници спроведуваат рација во напуштена куќа која се сомневаат дека крие милитанти. Војниците најдоа само неколку жени. Една од нив плаче, ќерка ù ја теши, а војникот од САД се обидува да ги умири.
www.teunvoeten.com

Либан
Бејрут, август 2006

Луѓето ја гледаат потрагата по евентуалните преживеани под урнатините на бомбардираните згради.
www.teunvoeten.com

Либан
Кана, август 2006

Жени ги оплакуваат своите децата кои загинале откако Израел бомардирал куќа во која цивили побарале засолниште. Жртвите биле набрзина закопани во масовни гробници во градот Тир. По прекинот на огнот, телата биле откопани и достоинствен закоп.
www.teunvoeten.com

Либерија
Ганта, јуни 2003

Во летото 2003, владата на Либерија предводена од поранешен бунтовник, сега претседател, Чарлс Тејлор, е во судир со две бунтовнички движења. Градот Ганта, на границата со Гвинеја, тукушто беше одново преземен од бунтовниците од ЛУРД. Припадничките на вооружените сили на Тејлор чуваат стража.
www.teunvoeten.com

Либерија
Ганта, јуни 2003

Владата на Чарлс Тејлор е во судир со две бунтовнички движења. Градот Ганта, на границата со Гвинеја, тукушто беше одново преземен од бунтовниците од ЛУРД. Владините војници се во камионет со противавионско оружје.
www.teunvoeten.com

Руанда
Гома, на границата помеѓу Заир и Руанда, јули 1994

Масовна гробница на жртви на колера. Децата си ги прекриваат носовите поради прашината и смрдеата.
www.teunvoeten.com

Руанда
Кигали, мај 1994

Еден припадник на племето Хуту е измачуван од страна на Тутсите, откако го идентификувале како член на одредите на смртта „Интерахавме“ кои го спроведувале геноцидот во Руанда. Фотографите го сликаат повредениот човек.
www.teunvoeten.com

Сиера Леоне
Фритаун, мај 2000

Тригодишната Мемуна Мансара била застрелана од бунтовниците при нивното повлекување од Фритаун во почетокот на 1999. Морале да ù ја ампутираат раката.
www.teunvoeten.com

Сиера Леоне
Фритаун, мај 2000

Девојче со својата омилена кукла.
www.teunvoeten.com

АвторТеун Воетен
2018-08-22T13:10:21+00:00 мај 10th, 2008|Categories: Изложба, Галерија, Блесок бр. 59|