Ехо на нивните мисли

/, Блесок бр. 52/Ехо на нивните мисли

Ехо на нивните мисли

Ехо на нивните мисли
Таму можеби
Гостин (Elogium)
Филистеец

Превод од српски: Никола Маџиров

Повторно молк. Никој не одговара.
Сите ги наслушнуваат внатрешните звуци,
сосем слични на исконската темница.
Ако добро разбрав,
сите очекуваат мојот одговор
да биде ехо на нивните мисли.
Небото кое досега беше прозрачно
како во големите височини,
стана пуста мисла,
овошна градина со непресушни воскреснувања,
осветлена од ист немир
како од едно исто сонце.

АвторЗоран Богнар
2018-08-21T17:21:19+00:00 февруари 20th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 52|