Елегија за багремот под прозорецот

/, Блесок бр. 49/Елегија за багремот под прозорецот

Елегија за багремот под прозорецот

Елегија за багремот под прозорецот, 1.
Елегија за багремот под прозорецот, 2.
Елегија за багремот под прозорецот, 3.
Молитва
Допир
Псалм
Трезор

Препев од српски: Никола Маџиров

Колку пати си ја видел оваа крошна,
лисјата што треперат или мируваат,
тенките гранчиња како распукани
капилари во окото;

ова стебло, исправено
како извичник,

и гранките, истегнати настрана
како нешто да допираат и пребаруваат.

Се плашеше дека нема да најдеш
зборови за песна,
дека таа ќе ти избега:

чиниш песната може да исчезне,
да се изгуби, да се претвори во тишина, во воздух.

Наесен дрвото би ги изгубило лисјата,
пролетта пак би му се вратиле.
Така тебе ти се чинеше.

А багремот беше тука, под твојот
прозорец и не се помрднуваше –
освен во бурните ноќни мори.

АвторВоислав Карановиќ
2018-08-21T17:21:23+00:00 август 6th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 49|