Ќе се збрчкаш, егзотично овошје ќе станеш

/, Блесок бр. 30/Ќе се збрчкаш, егзотично овошје ќе станеш

Ќе се збрчкаш, егзотично овошје ќе станеш

Убаво пееше, но животот не си го промени
Декамерон
Епилог
Ќе се збрчкаш, егзотично овошје ќе станеш
Природонаучниот музеј „Антипа“
„Непријател на народот“ – Љубовник на татковината!

Препев од романски: Лидија Димковска

Сите се изнасмеаја и си отидоа
Како божем нашиот кус живот да беше ставен овде за смеа!
И едните со своите издолжени и забести муцки
И другите само со своите издолжени забести муцки
Се изнасмеаја Се изнаикаа и Си заминаа

А ние стоевме и прскавме крв на сите страни
А ние лежевме струполени врз самите себе
како божем легнати врз летечки килимчиња
Кутнати испружени мртви и исушени
како хартија за фаќање муви
Како трамбулина што повеќе не ја разбираш
Ја печалиш ја тресеш со тупаница ја кршиш
И ништо
И туку одеднаш ќе отскокне од неа онаа будалеста песна
За овчарчето и за јагнето
што тажно пее како фатило реума – тра-ла-ла-
Во никој случај деновиве не поминувајте кај него дома

Убаво пееше ама животот не си го промени ни за влакно
Плачеше се бореше скокаше
и навистина убаво пееше бре пејачу
Ама животот никако да ти стане нешто друго
Одвај се довлечка до тоалетот и изблу сè
Публиката аплаудираше и ти ја хранеше суетата
А сепак ништо од сето тоа

Убаво пееше а ние се чувствуваме надмено
Особено кога лудилото ти ја зграпчи главата
ти ја стегна меѓу рацете и почна да ти ги лиже усните
Такво нешто одамна не бевме виделе
А ти се исправи и најспокојно рече:
„Мајко мила, ми се згади животот“

Ние си се вративме дома
јадевме ждригавме и си се тешевме:
„Што, па дури ни тој не успеа да си го промени животот“.

АвторДаниел Банулеску
2018-08-21T17:21:44+00:00 јануари 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 30|