Приказни за Нана

/, Блесок бр. 28/Приказни за Нана

Приказни за Нана

Приказна за Нана – 1
Приказна за Нана – 2
Приказна за Нана – 3
Чист крај

Препев од англиски: Игор Исаковски

Жената што живее во цвеќарницата – попрецизно, на плантажата за ружи, жената која малку посветла од латиците на ружата „Сепија“, жената која се смее повесело – гласот бледнее на крајот, жената која го покажува својот долг врат со уредната црна коса, жената која има грациозна облина, жената која се разоткрива но никогаш потполно, жената која ја крие тагата во длабочината на умот, жената која ја отфрла тагата и врз неа длаби лик на ружа, па двапати ја превиткува и ја праќа по пошта, жената која верува дека „љубовта е избор“, жената која e сама по многу избори, жената која низ самотијата ги слуша временските бранови, жената која се претвора во сина пупка при допирот на огнот со нејзината рана, меко и исправено.

Во цвеќарницата, живее мачето Нана.

АвторХанјонг Џеонг
2018-08-21T17:21:46+00:00 октомври 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 28|