Избрани песни

/, Блесок бр. 27/Избрани песни

Избрани песни

Бен Џонсон (1572-1637)
Џон Дан (1572-1631)
Џон Милтон (1608-1674)

Песна: На Силија

За здравица погледни ме со твоите очи,
и јас со моите ќе ти возвратам милно;
ил’остави бакнеж в чаша да се точи,
и не ќе ми се присака рујно вино.

Жедта што в гради нестишно ме јаде
божествена капка бара да ја згасне;
но и Јупитер од нектарот да ми даде,
сласта за твојот пак ќе расне.

Ноќе ти пратив венче од рози,
не за чест на возгордоста твоја,
тук’ со надеж дека в твоите коси
за навек стројни ќе стојат.

Но ти мирисот само им го сети,
и венецот пак стана мој,
но сега се колнам дише и цути,
не по ујот свој, тук’ во опојот твој.

превод: Кристина Зимбакова

АвторТројца англиски поети (Џонсон, Дан, Милтон)
2018-08-21T17:21:47+00:00 август 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 27|