Век на среќата

/, Блесок бр. 24/Век на среќата

Век на среќата

Гастпоет
Да ѝ простиме на љубовта
Развод
Poesia non muori
Век на среќата

Препев од романски: Лидија Димковска

Значи он е поет
Се зачуди бабата
И филозоф, додаде дедото
Странец, шепотеа соседите

Поезијата е тресење глупости
Од тоа не се живее
Треба да успееме во животот
Се насмевна жена ми

Од што живеат поетите?
Ме прашаа во Бирото за невработени.

Од витамини.
А со што ги купуваат?

Не ги купуваат.
Ги собираат од воздухот
Од книгите
Од зраците
Ги вадат од земја

Лај!
Ми наредија во полициската станица.
Поетите лаат на месечина.

Не, јас не лаам.
Само понекогаш завивам како волк.

АвторЈон Милош
2018-08-21T17:21:52+00:00 јануари 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 24|