Предмети

Предмети

Предмети
Ручекот на љубовниците
Патиштата на душата

Се вселуваме наврапито
во просторот
на планини од картонски кутии
во дел од една голема кутија
ги распоредуваме предметите,
работите
од еден друг простор,
од едно друго живеење
и влегуваме во новото
откривање на предметите.

Тие тука живеат поинаку.
Се наметнуваат
се наддаваат во новиот ред
на идното живеење,
сосема удобно се сместуваат
во новата долина
на картонската кутија.

АвторГордана Михаилова-Бошнакоска
2018-08-21T17:22:02+00:00 август 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 16|