Избраните

Избраните

Избраните
Отаде светот се простира кревка пајажина
Паганска смрт

Препев од словенечки: Лидија Димковска

За среќата никогаш не е доцна. Посакуваното
кога-тогаш се исполнува. И потем си отпочинува…
И потем си игра во јаслите и чека да го зграби
јако, добродушно момче што пука од здравје.
Но наскоро времето истекува и посакуваната
згазнува на гасот и ја снемува. Неблагодарната вели: Свршено е.
Надмената помислува: потомството…
Полуаџии, полугробари. Полузбунети,
полуосамени. Тргнати на долг, предолг пат. Што води од пеколот.
Пречисти. Воини без мечови. Покајаници на сите бунтови.
А сепак на пат е часот на борбата. Секој миг може да стаса.
Пристигнувам сам. Вистинскиот јас. А не знам каде.
Расцепен на две, пресечен и избран. Покајаник на духот.
Тука сум за да го разменам мрачниот грев за сончев смев.
Недостојното за миг. Тука сум, за да го претворам избледениот свет
во бескорисна мува. Вистинскиот јас. Одвај видлива е радоста на несреќата.
Зачинета со вкус на среќа. Обоена во црвено и заводлива како жена.
Во изразот копнежлива, во претчувството болна. Радоста,
прекриена надеж за која никогаш не е доцна. Со испразнета полнотија.
Со чиста Верба. Среќната радост. Во зажарениот јаглен на столетието.
Во праизворот на испробаната совршеност.
Остварена? Неостварена? Радост на срцето.
Очекувана во горешти молби и клетви.
Лудаците го знаат тоа блаженство.

АвторПримож Репар
2018-08-21T17:22:04+00:00 април 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 14|