Сме се сретнале ли порано

/, Блесок бр. 12/Сме се сретнале ли порано

Сме се сретнале ли порано

Кога ги положив
Моите очи
На твоето
Убаво лице
Среќен
Те препознав
Истиот миг.
Сфатив
Сум те знаел
Од дамнина
Веројатно од
Муграта
На мојот живот
Кажи ми, драга,
Сме се сретнале ли
Порано?

АвторАриф Кудаири
2018-08-21T17:22:06+00:00 јануари 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 12|