Темен коњ лежи над планината

/, Блесок бр. 08/Темен коњ лежи над планината

Темен коњ лежи над планината

Ги проверувам последните ракописи
Полноќ. Мртва точка
Мртвачница во неа
Ноќта е црна Liebe Marija
Темен коњ лежи над планините
Тоа што го имаме во нас
Тежина
Неподвижни работи

Седнувам и ги проверувам
Последните ракописи,

Но масата и столот
Под мене исчезнуваат.

Попусто ги гонам
Стиховите што зујат
Во воздухот.

Уморен врз подот паѓам,
Но не удирам во ништо.

Полека тонам. Потемнува
Моето тело. Срцето
Забрзано чука.

Јас го бележам
Тоа време
И го чувам.

АвторСлаве Ѓорѓо Димоски
2018-08-21T17:22:10+00:00 април 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 08|