Поезија – Д. А. Лори

/, Литература, Блесок бр. 149/Поезија – Д. А. Лори

Поезија – Д. А. Лори

Еден живот, една смрт
Ќе го чувам телото
Си молчам


Еден живот, една смрт

Се среќаваме, двајца туѓинци
на мост затегнат меѓу две планини,
тука, во најтешката точка,
ни се среќаваат времето
пред да се сретнеме
и сè што ќе биде понатаму.

Ние сме две од четирите од илјада
јајца на пацифичкиот лосос
што не биле стегнати под камен,
не биле забодени од клунот на птица.
Колку само посебни нè прави тоа?!

Еве нè двајцата, со по еден живот
и долг пат до морето, каде ќе живееме,
и долг пат назад по реката, каде ќе умираме.
Еден живот, една смрт,
и сите љубови, сите крпеници
на духот и телото,
сето време што ни е дадено
и ние двајцата во него.

*
ова се последните денови
на мојата младост;
телото почнува да се
влече зад духот,
тешкиот чекор на
времето станува побрз.
џинот во мене се ослободува
од својата тежина,
му се лупи телото, му паѓа кожата,
почнува одвнатре да ѕирка
човекот кој отсекогаш бил.
еднаш учи да сака,
после учи што сака.
прво учи да оди исправено,
после учи да си оди исправено.

ме напушта младешкото Да на сѐ,
сега учам да кажам Не.

АвторД.А. Лори
2023-03-17T05:14:04+00:00 февруари 22nd, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 149|