Поезија – Глоријана Вебер

/, Литература, Блесок бр. 147/Поезија – Глоријана Вебер

Поезија – Глоријана Вебер

Вселена
Бегство
Историја
Во близина на Бога
Раѓање
Избори


ВСЕЛЕНА

слушам музика и не чувствувам никаква друга потреба
во аголот гледам девојка – со моите прсти свири на клавирот на дедо ми
сите повторно ќе се сретнеме
и молкот ќе ни го објасни значењето на вселената

револуционерната улица која многумина ја здогледаа
како бегалци во сите правци од нашите нови градови
сакам да стојам на земјата што се шири,
сакам да му се смешкам на оној што ќе ни објаснува

како на лицето од некоја друга држава
мојата суштина плаче баш таму каде што другите се будат
во гладувањето и бедата без кучешки можности
во некое друго место високо над нас

нас нè загрижува сопствената ситнотија
во турканицата, во утехата, за некое време
мора да ги слушам криците
понекогаш тоа е сè што ми треба

АвторГлорјана Вебер
2022-11-06T12:09:36+00:00 октомври 30th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 147|