Песна над песните

Песна над песните

Песна над песните
Писмо 1
Писмо 2


Препев од албански: Даут Даути

Мојот љубен со очи како на гулаб
кој нема ни колку за да дојде да ме види
сиромав како Достоевски
пркосен како Наполеон мојот сакан со коси црни како гавран
во неговиот стан кадешто нема вода
ни за косата да ја измиеш
бидејќи е расипан водоводот
во собата платена за џабе
поевтина и од хотел без категорија
мојот љубен со усни како темјанушка
вечно мојот сакан со телото како Либан
како денешен Либан разурнат
урнат од животот и минливите соништа
мојот љубен секогаш скаран со светот
како другите да носат вина зошто не е среќен
и да ја има среќата не знае што со неа
што кај мене предизвикува љубомора
за другите жени
иако никогаш не ги допрел
мојот љубен со нозе од мермер
кој никогаш на мермер не стапнал
ниту колку може да гори љубовта
над неговата ледена белина
песни над песните се замислени во овој свет
бидејќи обичните песни
немаат собрано во себе
еден љубен
и една љубов

АвторТеута Арифи
2022-08-31T20:01:26+00:00 август 29th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 145 - 146|