Курирана од Ана Хофнер екс-Првуловиќ*
12.02.-06.06.2022
Кураторката на изложбата Ана Хофнер екс-Првуловиќ* објаснува: „Whiteness as Property. Racism and Ownership се обидуваат да ги испита односите кон сопственоста кои се заситени со расизам од економска, материјалистичка перспектива. Во фокусот на изложбата се критичко-естетските уметнички практики кои се интересираат за однос кон сопственоста и владеењето. Изборот на уметници и дела покажуваат уметничките стратегии како одлучувачки инструменти за справување со посесивниот индивидуализам, и испитуваат дали уметноста може да биде извор на алтернативни модели на посесивност субјект/објект кои критички се осврнуваат кон расизмот.“
Broken Document Breaks Out Into Poetry, инсталацијата составен од три дела, 2022
Христина Иваноска
- Самовилска коса, 2016/17, група од 4 дрворези, графит и безбоен восок на ореово дрво, 30 x 30 x 2 cm секоја,
- Документот што недостасува: Перформанси бр. 10 (Вез), 2021/22, конец и графит на волнена ткаенина, и дрво, 270 x 700 cm.
- Документот што недостасува: Перформанси бр. 11 (Мурал), 2022, гравура на ѕид, димензии променливи.
Иваноска работи со теоријата на „Отворената форма“ на Оскар Хансен, која ги поставува прашањата на хиерархиите преку создавање на нови форми со цел да се овозможи демократско учество на сите. Моментот кога структурите стануваат видливи, како испишани текстови на различни површини, или текстови оставени на работ на непрепознатливото, е од централно значење за праксата на Иваноска. Дрвените објекти насловени „Самовилска коса“ ги испитуваат значењето на зборот „самовила“, кој однесува на македонска митска фигура од времето пред христијанизација, кои ги доживуваме само како трага од врежан текст врз дрвената површина. Зборот „самовила“ е поим за слободна/независна женска претстава која комуницира главно со жени, а ги плаши мажите. Во поново време „самовилска коса“ е исто така познат и како збор за вид плевел. Робустното ореово дрво е носител на овој текст, кој е едвај читлив и развива свое значење. Текстот воспоставува генеалогија на уништената историја на жените од Источна Европа. Овој ликовен пристап продолжува и во делото во текстил и во гравурата на ѕид од серијата „Документот што недостасува“ инспирирани од книгата на Кетрин Малабу (Catherine Malabou) La plasir efface: Clitoris et pensée – исповед на отпорот против патријахалното владеење на жените.
фотографија: MNagl