Песната и пеперугата

/, Литература, Блесок бр. 140/Песната и пеперугата

Песната и пеперугата

Песната и пеперугата (метаморфоза)
Блиска е ноќта во која ќе отпочинам
Мермер (столб)
Симнување од крстот (фреска)
Влегување во Ерусалим (фреска)
Одиме за рака фатени
Облаци
Килим


Ќе бараш
Само ронка од светлинка
И од неа ќе искроиш
Пеперуга.

Долго, долго таа
Ќе ти лежи на клепките
Потоа ќе ти навлезе во крвта.

Потоа ќе бараш
Конче од ѕуница
И со неа ќе се виткаш
И ќе се обвиткуваш
Додека не се
Закожурчи.

Долго, долго така
Ќе ти лежи на срцето.

Ќе сакаш најпосле
Да ја именуваш
Тогаш од крвта
Ќе ти излази
Пеперуга
И ќе
Одлета.

АвторМихаил Ренџов
2021-11-15T19:03:35+00:00 ноември 1st, 2021|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 140|