Фикција и реалност

/, Критика, Литература/Фикција и реалност

Фикција и реалност

5. Од друга страна пак, во Сосировиот концепт на знакот нема место за односот на знакот (ознака+означено) со референтот. Знакот е дефиниран како диференцијален ентитет, чие значење е зависно од неговото место во системот, поточно се исчитува од контекстот. Ова навраќање кон основите на јазичните знаци служи како подлога на заклучокот дека и означеното (signife), како дел од својот означителен систем, всушност е арбитрарно. (сп.Fiske-Hartley.1978. стр.39). Со ова ги идентификувавме двата столба (начинот на прикажувањето и арбитрарноста) при заживувањето на феноменот фикција, а воедно ги потенциравме и категориите од коишто зависеше степенот на стварносниот ефект. Но, за разлика од Сосир, во својот концепт на знакот Ч. С. Пирс го вклучува и неговиот однос кон референтот. Овој однос се именува како модалитет. Но, бидејќи во нашиот случај се работи за однос на текстот кон реалноста, ние всушност зборуваме за текстовен модалитет. Тој вклучува 3 вида вредности: вистинитост (логичност), консеквентност и можност (хипотетичност).
Неговата вредност пак, е најголема кај вредноста вистинитост а најмала во хипотетичната инстанца. На сличен начин кај иконичниот знак вредноста на модалитетот ќе биде поголема од истата кај индексот и симболот, соодветно и последователно. За горенаведениот наративен комплекс релевантен ќе биде хипотетичниот модалитет. Ако ги собереме трите клучни термина врз коишто се потпира текстот (начин или стил, арбитрарност, хипотетичност јасно ќе биде дека при образување на нашиот социјален концепт на реалноста голем удел имаат системноста и произволноста на знаците.
Но, да се вратиме кон О. Велс. Секако дека во една друга културна средина (на пр. Кина) изведбата на неговата радио-драма не би имала таков ефект како што имала во САД од причина што за уверливоста на изведбата пресудни биле уште неколку фактори, кои надвор од Америка во моментот или не биле релевантни или пак биле концептуализирани во поблага форма. Се работи за влијанието на идеологијата којашто дава рамка на интерпретациите на наративниот текст. Во случајот на Велс идеологијата се реализира преку две нешта а тоа се реториката на жанрот (SF) и идеолошкиот концепт на информативниот медиум. Во изградувањето на реториката на определен жанр во правец на постигнување на реалниот ефект независно од односот кон стварноста влијаат многу фактори, но за нас овде најбитен е секако најзначајниот од нив т.н. Генеричен реализам (Kress-van Leeuwen, 1996, стр.159),
којшто ја зголемува својата вредност преку квантитативните фактори, т.е. Според бројот на појавувања и постапна натурализација. Сличен случај на постигнување на реалистичен ефект имаме и во мелодрамите, каде што преку контингентноста и натрупаниот контекст се губат нишките со објективната релност. При ова преовладува т.н. Психо-емотивен реализам или погоре идентификуван како субјективен реализам (конотативен реализам). Вториот битен фактор при трансферот на Велсовата фикција во реалност е влијанието на идеологијата на информативниот медиум, во случајов на радиото.

6. Високата вредност на уверливоста на информативните медиуми во САД значително придонела за соодветното доживување на текстот. За да биде појасна конкретната ситуација ќе ја наведам идеолошката матрица на информативните медиуми (сп. http://www.transparencynow.com/news/Ideol.htm стр. 1-2.8/22/98)
Имено, таа се состои од:
1. уверувањето дека новинарите се само гласници на настаните и не се актери во истите т.е. Се елиминира факторот на нивно директно учество и интерес во настаните
2. уверувањето дека не постои поврзаност или договор помеѓу актерите и новинарите
3. уверувањето дека новинарот редовно ја неутрализира својата наклонетост кон настаните
4. уверувањето дека новинарот е должен да ги претстави и да им даде збор на двете страни

7. Како заклучок на овој дел од текстот ќе напомнам дека медиумот со сета своја реторика и уверливост врши своевидна дистрибуција и етикетирање на модалитетот, т.е. Односот на знакот кон реалноста. Неодминлив за спомнување овде е М. Мек Луан со неговата елегантна формулација “medium is the message”, која предупредува дека медиумот и кодот не се неутрални во однос на значењето и на пораката. Модалитетот на текстот се реализира како преплет од секојдневната согледба на појавите и предметите, текстуалните модели и жанровските модели со претставите.

АвторСеад Џигал
2018-08-21T17:22:15+00:00 август 1st, 1998|Categories: Блесок бр. 04, Критика, Литература|