Роман што донесе одлични сексуални сцени во книжевноста

/, Литература, Блесок бр. 108-109/Роман што донесе одлични сексуални сцени во книжевноста

Роман што донесе одлични сексуални сцени во книжевноста

Роман што донесе одлични сексуални сцени во книжевноста


Вистината, се разбира, е дека од осумнаесеттиот век наваму на англиски јазик нема техника – дури ни вокабулар – за да се занимаваме со вакви теми. Французите пишуваат директно за сексот, во дела со највисок книжевен квалитет, уште откако ги исфрлија моралните начела од времето на Луј Четиринаесетти. За таа цел развија класичен вокабулар. И долго време во своите романи го користат грубиот колоквијален јазик на зачадените простории и улиците. Џејмс Џојс и Д. Х. Лоренс се првите писатели во нашето време што печатат на ваков англиски јазик; а ефектот, барем во случајот на Улис, е шокантен за англиските читатели до степен што сигурно ѝ е чуден на книжевната генерација која ги читала Зола, Октавијан Мирбо и Хајсманс во нивната младост. Но, надвор од прашањето за неговата грубост во дијалогот, имаме, како што наведов, посебен проблем со справување со сексуални сцени на англиски. Затоа што го немаме книжевниот вокабулар на францускиот јазик. Имаме само груби колоквијални зборови, од една страна, и, од друга страна, такви научни зборови што се соодветни само за биолошки и медицински книги, а ниту еден вид не оди особено добро во љубовна сцена која треба да предизвика илузија на гламур и романса.

Овде Лоренс се обидува да го реши овој проблем и навистина е извонредно успешен. Општо земено, добро се има справено со вокабуларот. И неговиот храбар експеримент, во Љубовникот на Леди Четерли, би требало да им олесни на англиските писатели во иднина да пишуваат со повеќе истражување и појасно за феномените на сексуалното искуство, што и сигурно ќе го сторат. Очигледно овој експеримент го извршил со извесно жртвување. Претпоставувам дека не испечатил многу примероци од оригиналното издание на Љубовникот на Леди Четерли и дека не заработил многу од нивната продажба; а нема ни авторски права од пиратското издание што се продава во Америка. Ова мора да се смета за доблест на Лоренс. Во оваа насока не може да се направи напредок без некој да биде подготвен на сериозни загуби. А по Улис, ниту еден првокласен романсиер на англиски јазик не го сторил тоа доброволно.

АвторЕдмунд Вилсон
2018-12-14T08:45:44+00:00 август 19th, 2016|Categories: Критика, Литература, Блесок бр. 108-109|