„Луѓе без гробови“

/, Литература, Блесок бр. 133 - 135/„Луѓе без гробови“

„Луѓе без гробови“

Даааа. Нне лажже Ккклерк.

Твојот татко, Нуман Нумиќ, беше вистински човек! Не му даде на својот образ, не раскажувај приказни за него; тоа било и поминалоАјде, другар, оди, запознај ја главната сестра, таа ќе те упати што понатаму. Кога ќе облечеш бели панталони и бел мантил, има да бидеш убав како доктор.

И кога преминував преку прагот, директорот ме повика назад. Ме предупреди да не зборувам за странките, ниту за националниот состав на вработените: Ти си млад, не влегувај во такви приказни!

И ова ме праша: Момче, незгодно ми е Клерк да го прашам за братот негов. За Гулаш. Знам дека со години беше заробен. Дали е жив?

Умммре.

Умре? Па подобро и тоа отколку да живее со години заробен. Го познавав Гулаш уште кога беше келнерНишто, не е тоа важно, оди ти по работните обврски.

Веднаш добив бел мантил, бели панталони и бели кломпи. Шетав по катовите, чекав некој нешто да ме праша… Навраќав во мензата, влегував во некои соби, ми се наполнија ноздрите со мирисите на макарони, неизмиени садови и пот кој со години се лизга низ грбот на народот. Главната сестра ми рече дека мое задолжение се приземјето, првиот и вториот кат – треба да одам од соба во соба и да ги соберам садовите и приборот – дури и ако некој ми рече да не ја носам чинијата, оти ќе изеде подоцна, треба да му одговорам дека имал доволно време, па друг пат нека јаде побргу…

На многу наткасни, покрај зглавјата на нашите корисници, останале чиниите, никој не ги изел сите макарони, но речиси сите ги испиле јогуртите. Бргу ги собрав чиниите и ги фрлив сите пластични чаши. Ѝ јавив на главната сестра дека работата е завршена. И параплегичарите и психијатриските болни главно молчат, замислени се, а алкохоличарите плетат џемпери и Чорапи. Тишина е во собите. Со некои параплегичари се запознав, некои ми посакаа среќа во работата. Драго ми е што овде не го најдов мојот Златан. Кога судот го прогласи за непресметлив, судијата, во пресудата, наведе дека тој не треба да се лечи овде, во крајот каде што го сторил тоа што го сторил, туку далеку од родното место. И подобро што не го сретнувам.

Превод: Калина Б. Исаковска

АвторЕнес Халиловиќ
ПреводКалина Б. Исаковска
2021-04-03T19:03:30+00:00 декември 22nd, 2020|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 133 - 135|