Çok seni severam и други тешко објасниви песни

/, Блесок бр. 52/Çok seni severam и други тешко објасниви песни

Çok seni severam и други тешко објасниви песни

Çok seni severam
Широк сокак
Човекот не е птица
Џагорот на материјалот
Предраг Самарџиски
Филтер Југославија
Хамлетување
Симонид, кралот на Пентаполис
белешка кон песните

Како морнар во Перикле дојдов
Пред Света Софија
У предвечерието на сè
Осумдесет и шестата
Следејќи го Гауер
Кој од гробот стана тогаш

Го преживеавме на Антиохија ужасот
Прегрмевме луња на море
А потоа
Сред рицарскиот турнир
Во Пентаполис
При дворот на кралот Симонид
Сопре сè
Во миг
И претставата
И турнирот
И Шекспир
И светот

Симонид
Кралот на Пентаполис
Милош Трипковиќ
Одличен актер
Одеднаш се раздели од ликот
Го изгуби и дејствието и текстот

Попусто шептачката Беба
Попусто дворјаните и рицарите
Попусто Таида красната
На кралот Симонид ќерка

Кралот сопре
Па стои
И молчи
И јас еве
Деветнаесет години потоа
Пред црквата на Света Софија барам
Не знам што барам
Па конечно сфаќам
Дека го тражам истиот тој молк

И размислувам како ќе беше
Ако кралот Симонид не го враќаме
По секоја цена
Во дејствието
Во претставата
Во текстот
Да го оставевме да молчи
И деветнаесет години
Ако треба
Пред Света Софија
Сè да стои
И претставата
И актерите
И публиката
И сè

Симонид
Кралот на Пентаполис
Милош Трипковиќ
Жив ќе беше актер
Ни Шекспир
Ни Света Софија не би
Дозволиле
Да умре како пес

АвторПредраг Луциќ
2018-08-21T17:21:19+00:00 февруари 20th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 52|