20th Century Fox

20th Century Fox

1. бабушка
2. медитеран
3. знаци крај патот
4. гимнастика, самрак, силиконски прав
5. блискост на истокот
6. целулоидни палјачовци
7. сексуалноста на револуцијата
8. калапи на картографијата
9. хрватска студена лирика

најпосле: вечните балони исчезнуваат
во височините, како и многу години подоцна
кога рибарите разговараа а рибите рибареа:
кога облаците талкаа по гладното небо,
а јужните ветрови пламтеа на хоризонтот,
темниот хоризонт на сликарите и вресоците,
на баладите, ликовите, сатанските стихови
на работ од водоскокот, од скутот на
скокачката, на манијакалниот
виеж во пеколната, слепа ноќ.

ноќ.

АвторБранко Чегец
2018-08-21T17:21:28+00:00 февруари 1st, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 46|