20th Century Fox

20th Century Fox

1. бабушка
2. медитеран
3. знаци крај патот
4. гимнастика, самрак, силиконски прав
5. блискост на истокот
6. целулоидни палјачовци
7. сексуалноста на револуцијата
8. калапи на картографијата
9. хрватска студена лирика

се снима блуткавиот постамент: влегувам подлабоко во ноќта,
во сонот, во грдото и гневот:
шпалир од симпатични скелети, драги роднини
кои веќе не се: на крајот од патот само уште
тажната, лигава пливачка отпоздравува низ пустината и
коријата од земните остатоци на баналните души на робовите
од рајската градина во очите,
час по полноќта
низ која татнеа годините и презервативите,
мекоста, разголеноста, влагата на смртните места за среќавање.

АвторБранко Чегец
2018-08-21T17:21:28+00:00 февруари 1st, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 46|