Уа за возрасните

/, Блесок бр. 82/Уа за возрасните

Уа за возрасните

Уа за возрасните
Требаше да слушаш
Гужва пред голот
Проблемот на зближувањето

Конфучие, или некој друг азиски мудрец
со многу харизма, рекол дека дури и рибата

нема да згреши ако си ја држи муцката
затворена, рече тато. Неговите

поговорки најчесто се неотворени
кинески колачиња. Ама сепак

оваа е поточна од другите
оти вечерва ќе јадеме

риба. Некако ми е мило што
рибава не ја слушна древната

мудрост и си ја зјапна муцката,
оти веќе ми се смачи од телешко

и пилешко. Ама ако рибата
не слушала не значи дека и ти

не треба да слушаш. Извини ако
те навредив за големината на муцката.

Држи си ја средно големата муцка затворена.

АвторХал Сировиц
2018-08-21T17:20:56+00:00 март 5th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 82|