Тркалезни форми

/, Блесок бр. 04/Тркалезни форми

Тркалезни форми

Жетва
Македонска свадба
Галичките чардаци
Големите мајстори
Прво писмо
Петто писмо
Харакири
Бајачка
Тркалезни форми


Му ја отсече косата над челото,
му зеде и од веѓите, клепките
и, мижејќи, му го позајми дишењето:
Болко, болештино, грда горештино,
огладни, опадни и онеможи,
побегни ко сланата од сонцето,
ослепи, оглуви и одврзи се
од под јазикот, од под стапалата
и пушти му ја устата да зборува
и пушти му ги нозете да му одат,
врати му ја сенката на телото
и врати ѝ го телото на душата!…

2023-06-07T21:16:07+00:00 август 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 04|