Трамонтана

Трамонтана

Морето е пурпурно кај Пиреа
8 септември 1994
На Ацедија
Лични карти (фрагмент)
Причина
Кога веќе не можам да им избегам на своите зборови
Во паркот, еден човек јаде јаболко
Кога одам кон морето

Во паркот, еден човек јаде јаболко
а дрвјата околу него се свиваат
тревата им вирее од стеблата
му се гужва околу стапалата
потокот турка тревје на брегот
човекот гризнува парче од јаболкото
и го остава да му се топи на јазикот
го цица сокот од него и го џвака
потокот се смалува зад грмушките
гранките се шират од дрвјата
по стеблото се качува некоја животинка
скока и трча по полето
крај попатното зеленило
назад покрај потокот низ гранките
до човекот што ги скрстува рацете
во полето далеку во паркот.

АвторЕрик Линднер
2018-08-21T17:20:50+00:00 февруари 23rd, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 88|