Трамонтана

Трамонтана

Морето е пурпурно кај Пиреа
8 септември 1994
На Ацедија
Лични карти (фрагмент)
Причина
Кога веќе не можам да им избегам на своите зборови
Во паркот, еден човек јаде јаболко
Кога одам кон морето

1. Важно е само дека некако е во ред
да имаш шанса да бидеш дел, да се припаѓа
на некое друштво, на некој збир. Луѓето
кои се менуваат меѓу ниските грмушки
и бодликавата жица на работ на дините.

Картите за играње паѓаат на крпата на песокот,
ужина под крпите во корпата,
закопано шише од дестилеријата.
Како и сите други трчаме кон морето

и пак назад, го тресеме песокот од чевлите на патеката,
го голтаме она што останало од секој разговор
кога се разделуваме и знаеме дека сме очајни кога
возачот на трамвајот му ги извикува постојките
на осамениот патник.

АвторЕрик Линднер
2018-08-21T17:20:50+00:00 февруари 23rd, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 88|