Трамонтана

Трамонтана

Морето е пурпурно кај Пиреа
8 септември 1994
На Ацедија
Лични карти (фрагмент)
Причина
Кога веќе не можам да им избегам на своите зборови
Во паркот, еден човек јаде јаболко
Кога одам кон морето

1. Таа е таму каде што го виде.
(Поглед на страна
во спротивната лента).

Куферот до неговото десно стапало.
Палто преку раката.

Тој прашува: дали нејзината рака некогаш била овде?
Седнува на исправениот куфер.

Една рака ѝ гори на стомакот
а една рака гори над
автомобилската гума што се врти на сонцето.

Таа ја брише плунката од усните.
Таа ја тресе сончевината од неговиот костум.

2. Кога на нејзиното колено филтер цигарата
се заглавува во кутијата со кибритчиња
таа ја пика раката во изрезот на џемперот.
Прстите ѝ се на клучната коска.

Игла на неговиот костум. (Млеко од батериската ламба.)
Чорапи со тенки линии. Палец под брошот.

Насмевка на шамичето стуткано во клопче.

Ништо не ѝ бега.
Никој не ѝ бега.

Салвета без шари.
Сомун без фурна.

3. Мислам дека птицине се токму за ваква пловидба
вели таа и на оградата
раката ѝ покрива графити.

Има фустан околу вратот.
Шминката е од вчера.
Удар на ветрот и увото ѝ е слободно.

Неговата уста ретко има вкус
на кабински кревет.
Птиците тропкаат на прозорецот.

АвторЕрик Линднер
2018-08-21T17:20:50+00:00 февруари 23rd, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 88|