Трамонтана

Трамонтана

Морето е пурпурно кај Пиреа
8 септември 1994
На Ацедија
Лични карти (фрагмент)
Причина
Кога веќе не можам да им избегам на своите зборови
Во паркот, еден човек јаде јаболко
Кога одам кон морето

1. Сè што се родило може да исчезне.

Како на зовриен ден една ниска клупа
добива сенка од седум маслинови дрвја.
Како задникот оладува кога седнува
на масивен прастар камен.

Како трамонтаната ја гужва морската рамнина
и низ продорната светлина на мрзливото сонце
ја граба и ја гмечи површината на водата
во урагани жолти, сини, окер, песок, вода.

Вртоглавицата може да се распрсне, дезориентирана.

Ластовици што нуркаат како лилјаци
по стрмните стени зад плажата
каде што се извива патеката низ трите заливи
но сепак сè уште води само кон Франција.

2. Ништо доброволно не умира во Порт Бу.

Девојката од Арагон на плажата
го соблекува здолништето и како антилопа скока
низ плажата додека во нејзината кожна чанта
има нотес за пишување со украси.
Тука е само оваа сабота
што е како безимена историја.

Еден празен пиедестал на челична основа.
Градина на напуштен царински терминал.
Карпа речиси лизната в море.
Дај му одредници на далтонист,
играта на трамонтаната, ветрот силен
како моќните планини, те прави да се тресеш на сонце.

3. Сè што се родило може да исчезне.

Трите следувања пеницилин
и морфиум. Во старечкиот дом
два кревета те делат од ѕидот
на болеста. Јас и ти, кој е мажот?

Што значи да си маж? Гребење
на острицата по воспалената гуша,
како е да те бричат
за последен пат, за забава
на која нема да одиш? Или како
некое дете фрла песок
кон сонцето. Паѓаш и нема
срам додека пак не станеш.

4. И сè што не се родило може да исчезне.

Песокот, корењата, тревите, шините што никогаш
не минувале овде. Жители што зјапаат во
патникот но не го даваат неговиот опис.
Нивниот ôд сè уште вознемирен од градењето

на споменикот. Сега, додека трамонтаната
ти го лиже телото и те подига и тебе и очилата,
ги носи далеку. Таму кај што патеката оди до
црквата на работ од амбисот над заливот.

Само кратковид може да се снајде.
Како стигнало таму? Пред педесет години. Варварски
е такво нешто да се заборави. Дури и обезличувањето
на едно уметничко дело е културен израз.

Јас го сторив тоа. Без скрупули. Денеска. Датум.

АвторЕрик Линднер
2018-08-21T17:20:50+00:00 февруари 23rd, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 88|