Танцувајќи во Одеса

/, Блесок бр. 97/Танцувајќи во Одеса

Танцувајќи во Одеса

Молитвата на авторот
Танцувајќи во Одеса
Пофалба на смеата
Маестро
Тетка Роза
Тангото на мајка ми
Американски турист
Танцувајќи во Одеса

Живеевме северно од иднината, деновите отворија
писма со детски потпис, капини, страница од небото.

Мојата баба фрлаше домати
од својот балкон, ја навлече мечтата како ќебе
врз мојата глава. Го сликав
лицето на мајка ми. Таа ја разбра
осаменоста, ги скри мртвите в земја како партизани.

Ноќта нè соблече (ѝ го мерев
пулсот) мајка ми танцуваше, го исполнуваше минатото
со праски, тави. При ова, мојот лекар се насмеа, неговата внука
ми ја допре клепката – го бакнав

задниот дел од нејзиното колено. Градот затрепери,
сеништен брод испловуваше.
А моите сокласници измислија дваесет имиња за Евреин.
Тој беше ангел, тој немаше име,
се боревме, да. Мојот дедо се борел

против германските тенкови со трактори, сочував куфер полн
со песни од Бродски. Градот затрепери,
сеништен брод испловуваше.
Ноќта, се разбудив за а прошепотам: да, живеевме.
Живеевме, да, не вели дека тоа било сон.

Во локалната фабрика, татко ми
зеде заграб снег, ми го стави в уста.
Сонцето го почна рутинското дејство,

избелувајќи им ги телата: мајка ми, татко ми танцува,
се движат додека темнината зборува зад нив.
Беше април. Сонцето ги испра балконите, април.

Ја прераскажувам приказната која светлината ми ја длаби
во дланката: Мала книго, оди во градот без мене.

АвторИља Камински
2018-08-21T17:20:43+00:00 август 23rd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 97|