Танцувајќи во Одеса

/, Блесок бр. 97/Танцувајќи во Одеса

Танцувајќи во Одеса

Молитвата на авторот
Танцувајќи во Одеса
Пофалба на смеата
Маестро
Тетка Роза
Тангото на мајка ми
Американски турист
Танцувајќи во Одеса

Во град направен од морска трева, танцувавме на покрив, моите раце
под нејзините гради. Одземајќи
ден од ден, ги додадов глуждовите на оваа жена

кон моите денови на покајание, нејзината долна усна, строгите коски
на нејзиното лице. Водевме љубов цела вечер –
ѝ кажував приказни, нивните дождовни ритуали: среќата

е пари, да, но само најмалите монети.
Ми рече да се помолам, да се поклонам
кон Ерусалим. Се поклонивме налево, видов

две фурни, продавница за чевли; мирис на сено,
мирис на коњи и сено. Кога Мојсеј
ги скршил светите плочи на Синај, богатите

ги собрале парчињата изрезбани со:
„прељуба“ и „убиј“ и „кражба“,
сиромашните добиле само „Не“„Не“„Не“.

ѝ го бакнав тилот, лакотот,
на оваа жена чие заборавање е заплет против заборавањето,
гола во своите галоши танцуваше валцер

па дури и нејзината мачка танцуваше валцер.
Рече: „Сè што е музичко во нас е сеќавање“ –
но јас не знаев англиски, танцував

седнат, таа се исправаше
и се свиваше и се исправаше, трепет од музика
трепет во нејзината рака.

АвторИља Камински
2018-08-21T17:20:43+00:00 август 23rd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 97|