Танцувајќи во Одеса

/, Блесок бр. 97/Танцувајќи во Одеса

Танцувајќи во Одеса

Молитвата на авторот
Танцувајќи во Одеса
Пофалба на смеата
Маестро
Тетка Роза
Тангото на мајка ми
Американски турист
Танцувајќи во Одеса

Ѝ ги гледам прозорците отворени на дождот, облека на прозорците –
јава диво пони на мојот роденден,
бело пони на седмиот кат.

„А каде ќе го чуваме?“ „На балконот!“
понито вискаше на терасата девет недели.
Во центарот на мојот живот: мајка ми танцува,

да, овде, како во детството, мајка ми
сака да бидат опишани стадиумите на мојата среќа –
раскажува за супи, раскажува низ нив:

помеѓу чети садови и крпи,
се движи многу бргу – неподвижна е,
отвора и затвора врати.

Но што беше среќа? Пони на балконот!
Минатото на мајка ми, наметката која ја носеше преку рамо.
Цртам оски низ попладнето

за да ја видам, шеесетгодишна, се справува со странски јазик –
млада, не млада – мајка ми
врз пони во галоп на седмиот кат.

Станува туѓинка и се однесува по свое, отвора
што е затворено, затвора што е отворено.

АвторИља Камински
2018-08-21T17:20:43+00:00 август 23rd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 97|