Танцувајќи во Одеса

/, Блесок бр. 97/Танцувајќи во Одеса

Танцувајќи во Одеса

Молитвата на авторот
Танцувајќи во Одеса
Пофалба на смеата
Маестро
Тетка Роза
Тангото на мајка ми
Американски турист
Танцувајќи во Одеса

Во војничка униформа, во дрвени чевли, танцуваше
на секој крај од денот, тетка ми Роза.
Нејзиниот сопруг спасил бремена жена

од запалена куќа – слушаше смеа,
секој ден својата артилерија – во тој оган
си ги изгорел гениталиите. Тетка ми Роза

зеде туѓи деца – кликаше со јазикот кога плачеа
а август ги навлекуваше завесите вечер по вечер.
Ја видов, со креда меѓу прстите,

пишуваше лекции на празната табла,
раката ѝ се движеше а таблата остануваше празна.
Живеевме во град покрај морето

но имаше друг град на дното од морето
и само локалните деца веруваат во неговото постоење.
Таа им веруваше. Закачи слика од сопругот

на ѕид во својот стан. Секој месец
на различен ѕид. Сега је гледам со таа слика, чекан
во левата дланка, клинец во устата.

Од нејзината уста, мирис на див лук –
доаѓа кон мене во нејзините пижами
карајќи се со мене и со себеси.

Вечерите ми се докази, оваа вечер
во која таа ги натопува рацете до лакти,
вечерта спие во нејзиното рамо – нејзиното рамо

е заоблено од сонот.

АвторИља Камински
2018-08-21T17:20:43+00:00 август 23rd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 97|