Танцувајќи во Одеса

/, Блесок бр. 97/Танцувајќи во Одеса

Танцувајќи во Одеса

Молитвата на авторот
Танцувајќи во Одеса
Пофалба на смеата
Маестро
Тетка Роза
Тангото на мајка ми
Американски турист
Танцувајќи во Одеса

Во еден град во кој заедно владееја гулаби и гаврани, гулабите го покриваа центарот, а гавраните пазарот. Едно глуво момче броеше колку птици има во дворот на соседот, па дојде до четирицифрен број. Го заврти бројот и му ја призна својата љубов на гласот од другата страна на линијата.

Мојата тајна: на четиригодишна возраст оглувев. Кога го изгубив слухот, почнав да гледам гласови. Во преполн тролејбус, еден еднорак човек рече дека мојот живот ќе биде мистериозно поврзан со историјата на мојата земја. Сепак, мојата земја ја нема, нејзините граѓани се сретнуваат на сон за да спроведат избори. Тој не ги опиша нивните лица, само неколку имиња: Роланд, Аладин, Синбад.

АвторИља Камински
2018-08-21T17:20:43+00:00 август 23rd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 97|