Танцувајќи во Одеса

/, Блесок бр. 97/Танцувајќи во Одеса

Танцувајќи во Одеса

Молитвата на авторот
Танцувајќи во Одеса
Пофалба на смеата
Маестро
Тетка Роза
Тангото на мајка ми
Американски турист
Танцувајќи во Одеса

Превод од англиски: Игор Исаковски

Ако зборувам во име на мрвите, морам
да го оставам моево животинско тело,

морам да ја пишувам истата песна пак и одново,
зашто празната страница е белото знаме на нивното предавање.

Ако зборувам во нивно име, морам да зачекорам
на работ од себеси, морам да живеам како слеп човек

кој трча низ собите без
да го допре мебелот.

Да, јас живеам. Можам да ја преминам улицата прашувајќи
„Која година е?“, можам да танцувам во сонот и да се смеам

пред огледалото.
Дури и сонот е молитва, Господе,

ќе го славам твоето лудило, и
на јазик кој не е мој, ќе зборувам

за музиката која нè буди, музиката
во која се движиме. Зашто што и да кажам

е некој вид барање, а најтемните
денови морам да ги славам.

АвторИља Камински
2018-08-21T17:20:43+00:00 август 23rd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 97|