Танцувајќи во Одеса – Иља Камински

/, Литература, Блесок изданија, Блесок бр. 142/Танцувајќи во Одеса – Иља Камински

Танцувајќи во Одеса – Иља Камински

МОЛИТВА НА АВТОРОТ
ТАНЦУВАЈЌИ ВО ОДЕСА
ПОФАЛБА НА СМЕАТА
МАЕСТРО


МАЕСТРО

Што е сеќавањето? Што го светнува телото:
јаболкова градина во Молдавија а школото е бомбрадирано

кога се бомбардираат школи, тагата е
забранета – сега го запишувам ова и ја
чувствувам тежината на сопственото тело:

девојки кои врескаат, 347 гласови
во приказната за лекарот кој ги спасува, неговите дланки

заробени под ѕид, неговата внука умира во близина –
шепоти Не сакам да умрам, јадев такви јаболка,

тој ѝ ја гледа устата како што слеп човек чита од
усни и вреска: Замолчи!
Јас сум покрај прозорецот, јас

барам помош! зборува,
тој не може да престане да зборува, во темнината:

за Брамс, за Шопен зборува за да ги успокои.
Лекар, да, кој било прозорец

да му го врамил животот, надвор: доматите раснеа,
облаците одминуваа
а ние некогаш живеевме; лекар со тетоважа на папагал
врз заробената рака,

ги гледа јаготките на образите на внуката
повеќе не се јаготки, со хируршка прецизност

ги спојува страдањето и милоста:
два дена поминаа, се дере

кон својот прозорец (нема прозорец) кога спасот
наближува, тој зборува за Шопен, Шопен.

Му ги отсекоа дланките, болничарките велат дека е „добро“
– во мојот сон: тој стои, со леб храни гулаби, опкружен

од гулаби, има птици на главата, на рамениците,
вика Ништо не разбираш! со здив

се успива, градот спие,
не постои таков град.

АвторИља Камински
2022-04-04T05:24:36+00:00 март 30th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок изданија, Блесок бр. 142|