Танцувајќи во Одеса – Иља Камински

/, Литература, Блесок изданија, Блесок бр. 142/Танцувајќи во Одеса – Иља Камински

Танцувајќи во Одеса – Иља Камински

МОЛИТВА НА АВТОРОТ
ТАНЦУВАЈЌИ ВО ОДЕСА
ПОФАЛБА НА СМЕАТА
МАЕСТРО


ПОФАЛБА НА СМЕАТА

Каде деновите се криват и исправаат
во град кој не î припаѓа на ниедна нација
туку на сите нации на ветрот,

таа прозборе со јазикот на тополите –
ушите î трепереа додека зборуваше, тетка ми Роза
компонираше оди за берберници, за дракстори.

Душата ѝ чекореше на две стапала, со душа или без, детски додаток,
ги сакаше уличните музичари и знаеше
дека дедо ми составувал предавања за снабдувањето

и побарувачката за облаци во нашата земја:
Државата го прогласила за народен непријател.
Трчал по воз со домати во капутот

и танцувал гол врз масата пред куќата –
го застрелале, а баба ми ја силувал
јавниот обвинител, го пикнал својот молив во нејзината вагина,

молив кој отпишувал луѓе на дваесет години.
Но во тајната историја на бесот – молкот на еден човек
живее во телата на другите – додека танцувавме за да не паднеме,

помеѓу лекарот и обвинителот:
моето семејство, луѓето од Одеса,
жени со огромни гради, старци наивни и детинести,

сите наши зборови, бедрата на запалените татковци
кои се креваат и се креваат со секое прераскажување.

АвторИља Камински
2022-04-04T05:24:36+00:00 март 30th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок изданија, Блесок бр. 142|