Сонот на делфинот

/, Блесок бр. 36/Сонот на делфинот

Сонот на делфинот

Светлата точка на твоето чело
Случајни разговори
Не заборавај ти сè уште имаш душа
Последната слабост
Чекајќи го ветрот
Сонот на делфинот
Збор – метаморфоза –
Спокојно ги пишувам овие стихови

и мртов се прашував што си

почеток на една голема насмевка
крај на едно ненапишано писмо

осамен зрак дојден оддалеку
пат по кој ќе се вратиме назад

месечина заспана на нечии скаменети усни
сонце нацртано на детскиот тротоар

далечен остров за нашата сина тага
река што ноќе скришум се претвора во зрно песок

невидливо огледало на невидливиот бог
вистина што сама себе полека се одвиткува

или само една малечка мисла
која сé уште талка низ вселената

* * * * * * *

и мртов се прашуваш што си

а некаде далеку некаде сосема далеку
врз песокта на заборавот
сонцето совршени кругови црта

(1995)

АвторБобан Богатиновски
2018-08-21T17:21:37+00:00 јуни 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 36|