Сонот на делфинот

/, Блесок бр. 36/Сонот на делфинот

Сонот на делфинот

Светлата точка на твоето чело
Случајни разговори
Не заборавај ти сè уште имаш душа
Последната слабост
Чекајќи го ветрот
Сонот на делфинот
Збор – метаморфоза –
Спокојно ги пишувам овие стихови

не плаши се
моќна е нашата слабост
јата изгубени делфини
се овие зборови
паднати од молитвите
во волшебни кутичиња
желби сокриени
на свеќиве пламенчиња бели
како кокичиња кревки
што набргу ќе свенат

не плаши се
уште една ноќ е ова
во која нема да заспиеме
сами на автопатите
додека возиш со болка
прикриена во очите
преминувајќи тивко
од град во град
од еден сон во друг

не плаши се
во сонот на делфин еден
живееме и ние
бесмртни и беспомошни
како полноќни сонца
деца затрчани по работ
на оваа бескрајна сина
реченица

(1994)

АвторБобан Богатиновски
2018-08-21T17:21:37+00:00 јуни 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 36|