Сонот на делфинот

/, Блесок бр. 36/Сонот на делфинот

Сонот на делфинот

Светлата точка на твоето чело
Случајни разговори
Не заборавај ти сè уште имаш душа
Последната слабост
Чекајќи го ветрот
Сонот на делфинот
Збор – метаморфоза –
Спокојно ги пишувам овие стихови

ајде уште само една скала
ајде уште само една рамница

рибите пливаат само напред
птиците се поголеми од небото
зад хоризонтот друг хоризонт има

ајде уште само еден збор
ајде уште само еден здив

облаците пребрзо се движат
светлината пребрзо умира

ајде уште само една скала

но запри врати се назад
во мракот едно дрво паѓа

(1995)

АвторБобан Богатиновски
2018-08-21T17:21:37+00:00 јуни 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 36|